Секој РЕКРЕАТИВЕЦ или СПОРТИСТ сака да ги крене своите способности на повисоко ниво. За таа цел може да се користат многу техники на тренирање кои нѝ помагаат да ги кренеме своите способности на повисоко ниво. Една од поефикасните е КЛАСИЧНОТО КРЕВАЊЕ НА ТЕГОВИ.
Доколку сте ФИТНЕС или КОНДИЦИОНЕН тренер, тогаш треба да поседувате знаење за секој состав и/или метода на тренинг која може да му помогне на Вашиот клиент да ги крене способностите на повисоко ниво.
Поради недоволно време, неможност за учење на кревање тегови на самото место или неможноста за консултации, многумина воопшто не започнуваат со учење на оваа техника за тренирање.
Семинарот е наменет за сите фитнес и кондициски тренери коишто сакаат да ги научат методиката и варијантите на класичното кревање тегови за работа со своите клиенти, како и за спортистите и рекреативците коишто сакаат да го совладаат кревањето тегови за да можат да ги употребуваат во својот тренинг!
Со ОНЛАЈН пристап кон семинарот, добивате над 100 видео вежби во кои е објаснета методиката, како и различните варијанти за кревање тегови. Покрај тоа, добивате и стручна помош во врска со корекција и подобрување на вашата техника за кревање тегови и совети за примена во кондицски и фитнес тренинг. Покрај ОНЛАЈН семинарот, добивате и ГРАТИС семинар ВО ЖИВО за чиј термин ќе бидете известени.
Цел на семинарот е да им помогнеме на сите оние, коишто сакаат да ја научат оваа техника на тренирање за да можат да ја применуваат во сопствениот тренинг или при тренирањето со клиенти. Во денешно време имаме многу ограничувања со време или нѝ се недостапни центрите во кои можат да се научат различни техники на тренирање.
Токму поради тоа, овој семинар има ОНЛАЈН верзија и се одржува ВО ЖИВО. Со тоа му се овозможува на секој да не чека, туку веднаш да започне со едукација и учење, а со самото тоа и со напредок.
Сите 5 семинари: Кревање тегови, Кетлбел, Бугарски вреќи, Фитболот i Bodyweight