Ако сте ФИТНЕС или КОНДИЦИСКИ тренер, тогаш знаењето и искуството што го поседувате ја прават разликата дали ќе имате повеќе или помалку клиенти и дали ќе напредувате со нив. Во ова ЧЛЕНСТВО ќе добиете такви информации на брз начин.
Ако сте РЕКРЕАТИВЕЦ или СПОРТИСТ и сакате информации за тоа како да тренирате и да напредувате, но ве збунуваат многуте информации кои се објавуваат на интернет, тогаш ова ЧЛЕНСТВО е вистинското решение за вас. Во него ќе најдете одговори на сите прашања кои ве мачат и редовно ќе добивате нови информации за тоа како да си го подобрите тренингот.
Сѐ во рамките на ЧЛЕНСТВОТО е плод на моето 20-годишно работење во сферата на фитнесот и спортот како фитнес и кондициски тренер, предавач, професор, сопственик на сала за вежбање, како и соработката со врвни светски експерти од ова подрачје.