Иако повеќето вежбачи и тренери користат само неколку вежби, постојат големи можности за употреба на овој реквизит во сферите на рекреација, фитнес, рехабилитација и превенција!
Ефикасно може да се користи и при групни тренинзи!
За да не барате вежби и да ги организирате според движења, мускулни групи и цели за вежбање, сето ова е направено за Вас на овој семинар!
Семинарот е наменет за сите фитнес и кондициски тренери коишто сакаат да научат вежби со фитбол и да ги применат при работата со клиенти, како и за сите спортисти и рекреативци коишто сакаат да го користат фитболот при тренинзите!
Со ОНЛАЈН пристап до семинарот, добивате над 100 видео вежби кои се објаснети и демонстрирани. Покрај тоа, добивате стручна помош во врска со корекција и подобрување на Вашата техника на изведба, како и совети за примена во кондициски и фитнес тренинг. Со ОНЛАЈН семинарот добивате БЕСПЛАТЕН семинар ВО ЖИВО, за чиј термин ќе бидете известени.
Целта на семинарот е да им помогнеме на сите оние коишто сакаат да научат да тренираат и вежбаат со фитбол, и потоа тоа применат при својот или при тренингот со клиенти. Во денешно време имаме многу временски ограничувања или немаме пристап до центрите каде што можеме да научиме различни технологии за тренинг.
Затоа овој семинар има ОНЛАЈН верзија и се одржува ВО ЖИВО. Со тоа му се овозможува на секој да не чека, туку веднаш да започне со едукација и учење, а со самото тоа и да напредува. За да бидете успешен фитнес или кондициски тренер, ова е реквизитот чија употреба, методи и протоколи мора да ги знаете.
Сите 5 семинари: Кревање тегови, Кетлбел, Бугарски вреќи, Фитболот i Bodyweight