Доколку сакате да имате сѐ во еден реквизит: кетлбел, елек со тежина, медицинка, тегови, еднорачен тег и да бидете во можност да развивате сила, издржливост, експлозивност, координација и мобилност – тогаш БУГАРСКИ ВРЕЌИ е вистинскиот избор за ВАС!
Тоа е реквизит со кој може да изведувате стотици различни вежби за целото тело, а за кој не е потребен голем простор. Овој реквизит буквално не треба да го испуштате од раце додека преминувате од вежба на вежба!
Добро ќе се забавувате и ќе уживате во тренингот, а подобрувањето на способностите ќе биде видливо!
Семинарот е наменет за сите фитнес и кондициони тренери коишто сакаат да го совладаат ракувањето со овој реквизит со цел да им понудат на своите клиенти поширок спектар на вежби и нови стимулации во тренингот. Сите рекреативци коишто сакаат да имаат цела теретана во домот со само еден реквизит.
Сите спортисти, посебно оние од боречкиот дел коишто сакаат да ги подигнат своите физички способност на повисоко ниво.
Со пристапувањето кон ОНЛАЈН семинарот, добивате над 100 видео вежби во кои се објаснуваат методите и различните варијанти на кревање тегови. Покрај тоа, добивате и стручна помош во врска со корекција и подобрување на Вашата техника за кревање тегови, како и совети за примена во кондициски и фитнес тренинг. Покрај ОНЛАЈН семинарот, ќе добиете и ГРАТИС семинар ВО ЖИВО за чиј термин дополнително ќе бидете известени.
Целта на семинарот е да им помогнеме на сите оние, коишто сакаат да ја научат оваа техника на тренинг и да ја применуваат при сопствениот, или пак при тренингот на клиенти. Во денешно време постојат многу временски ограничувања или недостапност на центрите во кои може да се научат различни техники на тренирање.
Токму поради тоа, овој семинар има ОНЛАЈН верзија и се емитува ВО ЖИВО. Со тоа му се овозможува на секого да не чека, туку веднаш да започне со едукација и учење, а со самото тоа и со напредок.
Сите 5 семинари: Кревање тегови, Кетлбел, Бугарски вреќи, Фитболот i Bodyweight